Премиерот Зоран Заев не очекува Бугарија да го попречува почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, како што истакна на денешното одбележување на Светскиот ден на наставниците на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Тој уште еднаш повтори дека идентитетските прашања се право на самоопределба што не може да се оспорува.
Уште еднаш напоменувам дека идентитетските прашања се право на самоопределба. Бугарија е европска земја и верувам дека во самите разговори, во самите документи е заради нивните напори, амбиции и оправдани желби да се најде заедничкото решение на заедничкото чествување на Гоце Делчев. Никако не очекувам да имаме пречки во тој дел, заради тоа што Бугарија дефинитивно е еден од најголемите поддржувачи на Република Северна Македонија во интеграциите во ЕУ – рече Заев.
Comments are closed for this post.