Очекувам следнаа недела да се оствари средбата меѓу министерот Бујар Османи и министерката Екатерина Захариева за да се договори втората Меѓувладина конференција. Акцискиот план е дефиниран на секторско ниво, така што посебна е работата на Историската комисија, а посебни се полициските прашања, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.

Според него, Акцискиот план е тој што треба да биде утврден на Меѓувладината конференција меѓу двајцата министри.

Штом ќе биде утврден, ќе дојде како записник на двете влади за да ги утврдат и веднаш да стартуваме со спроведување на таквиот план“, вели Заев.