Екс-премиерот добива 12.000 евра за една година како надомест од Владата за преговорите што како специјален претставник ги води со бугарски претставници.
Бучковски според владин документ добива 1000 евра месечно како консултантска награда за преговорите што ги води, а дополнително добива непозната сума за патување, дневници, сместување, логистика, храна и други трошоци што ги има кога се среќава со бугарски претставници, пренесе ЕКСПРЕС.
Во владиниот документ не се открива колкава е другата сума наменета за трошоците на екс-премиерот Бучковски.
Comments are closed for this post.