Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска ќе престојува во Република Бугарија, каде што ќе се сретне со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

На средбата, како што соопштуваат од владината прес-служба, ќе стане збор за развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Премиерот Заев ќе ја предводи делегацијата во која ќе бидат и министерот за култура, Асаф Адеми, како и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски.

Програмата започнува со заедничко положување венец пред спомен-бистата на Гоце Делчев во градскиот парк „Борисова градина“ по повод 147-годишнината на неговото раѓање. Венците ќе ги положат министерот за култура на Република Македонија Асаф Адеми и министерот за култура на Република Бугарија Боил Баново. Министрите Баново и Адеми за време на посетата ќе потпишат „Програма за соработка во областа на културата“ меѓу двете земји.