Имаме четири до шест кандидати кои според рејтинзите се фаворити за победа на изборите, но н сакаме да се истрчуваме кој е прв или втор. Има време, тоа ќе го дознаете идната недела, изјави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по денешната средба со лидерите на ДПА Мендух Тачи и Алтернатива Арим Гаши.

Вели дека е важно тоа што партиите дале согласност да се оди со заеднички кандидат.

Важно е концептот да биде поддржан, гледаме дека има расположение кај партиите, но и откако ќе се договориме за конкретен предлог, тие ќе треба да го пренесат тоа во партијата, повторно да разговараме дали е прифатлив предлогот или не, рече Заев.

За Заев би бил прифатлив кандидат за претседател од друга партија ако за него има заеднички договор.

Тој утре ќе се сретне и со Зијадин Села од Алијанса за Албанците и Билал Касами од БЕСА.