Премиерот Заев по денешните средби со Африм Гаши и Мендух Тачи истакна дека лидерите на „Алтернатива“ и на ДПА се согласни да се најде заеднички кандидат за претседател на државата.

Средбата вроди со плод зашто веруваат дека ова е од полза на граѓаните. Идниот претседател ќе биде еднаков пред сите граѓани, ќе биде претседател кој ќе им служи поднеднакво на сите. Верувам дека уште од самиот почеток водење анализа, правење селекции и вршење избор на кандидат зад кој би застанале сите ние, претставниците на граѓаните преку политичките субјекти кои ги водиме ќе даде резултат-истакна премиерот.