Премиерот Зоран Заев денеска повторно објаснуваше за начинот на комуникација со руските комичари кои го измамија мислејќи дека разговара со тогашниот претседател на Украина Петро Порошенко и со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Заев потврди дека дека навистина верувал дека има комуникација со претседателот на Украина и дека како добивал слики од парадата на војската во Украина, така праќал и слики од германската канеларка Ангела Меркел.
Можно е во таа комуникација како тие што ме барале и јас да сум ги барал верувајќи дека е претседателот Порошенко – објасни Заев.
Премиерот призна дека дури завчера кога се објавија разговорите увидел дека е измамен.
Comments are closed for this post.