Македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас денеска и официјално ќе бидат номинирани за Нобелова награда за мир за 2019 година. Номинацијата е за договорот од Преспа со кој се надмина речиси тридеценискиот спор за името. Номинацијата ќе ја објави добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи.
Церемонијата за номинација за Нобеловата награда за мир 2019 ќе се одржи на Универзитет ФОН, каде во март годинава Бушамауи ја доби титулата почесен професор.
Договорот од Преспа, во кој потписниците и медијаторите вложија огромна енергија, го гледам како исклучително значаен процес кој заслужува да биде номиниран за Нобеловата награда за мир. И Генералниот секретар на ОН Гутереш, деновиве повторно го истакна тој Договор како пример кој може да биде модел за решавање на проблемите во светот, вели Бушамауи.
На церемонијата во ФОН ќе присуствува европратеникот Стелиос Колуглу од редовите на грчката партија Сириза, кој дава поддршка за оваа номинација.
Comments are closed for this post.