Зоран Заев и Али Ахмети се договорија – граѓаните ќе може да се изјаснат и за етничката припадност на пописот следната година, објави ТВ 24 повикувајќи се на извори од двете партии. Според информациите законот е во финална фаза, според планираното се очекува уште неделава да помине на влада.
До крајот на март да се изгласа во Собранието. Според информациите совен етничката графа, која што предизвика низ дилеми во јавноста, вториот спорен момент, од пропаднатиот попис во 2011 та –попишувањето на ислениците што се повеќе од една година надвор од државата е усогласен – тие ќе се попишуваат, но според информациите нема да влезат во вкупното население. Предвидено е новото пребојување на населението да ги чини граѓаните 8,5 милиони евра.
Последен пат успешен попис имаше во 2002, а тој во 2011 по низа политички контроверзии и обвинувања беше прекинат неколку дена пред крајот. Тогашниот премиер Никола Груевски обвини за фалсификат, а пописниот материјал беше уништен.
Comments are closed for this post.