Во селото Ајватовци, во општина Илинден вечерва околу 18.20 часот изби пожар.

Од Противпожарната служба за МИА информираат дека на местотот се испратени три возила со цел да ја изгаснат огнената стихија.

Посочија дека е запалена сува трева, како и дека во околината на местото каде што е предизвикан пожарот нема куќи.

Се уште не е позната причината за пожарот.