Додека ја распродава македонската историја и тргува со ваквото богатство на нацијата, премиерот Зоран Заев со Владата, според нашите нови сознанија, прави уште поголем удар од што досега мислевме.
Бидејќи на возрасните не успеа да им наметне став дека историјата за која знаеме не е наша, туку е или туѓа или заедничка, сега сака тие факти да ги искорени од образованието на децата.
Имено, според новите информации кои сами по себе се поразителни, предметот историја НЕМА да постои во основните училишта како посебен предмет, онака како што тоа беше изминативе 75 години. Македонската историја ќе биде вметната само како дел од друг предмет, колку да ја има, но како целина ќе биде укинат и децата ќе бидат скратени од можноста да учат за далечното минато на својата земја.
Comments are closed for this post.