Премиерот Зоран Заев, претпладнево ги посети повредените во тешката несреќа на патот Скопје – Тетово. Фокусот на Владата е кон повредените, но и кон поддршка на семејствата на загинатите, рече Заев, додавајќи дека Владата е подготвена „да помогне сè што треба“.
Посебна благодарност премиерот изрази до локалното население кое, како што изјави Заев, несебично помагало при излекувањето на патниците од превртениот автобус.
Comments are closed for this post.