Премиерот Зоран Заев заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и министри во Владата денеска присуствуваа на комеморација за прерано починатиот градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски, и им изразија сочувство на сопругата на Стојаноски, на членовите на семејството, и на колегите и соработниците на градоначалникот на Охрид и професор на Факултетот за туризам и угостителство во овој град.

Од Стојаноски прв се збогуваше премиерот Зоран Заев, кој истакна дека ненадејната смрт на Стојаноски е загуба за академската заедница, за државата, за партијата СДСМ и за Општина Охрид.

Низ годините зад нас Јован даде огромен придонес со своето посветено работење, остави траги и предизвикуваше почит што секогаш ќе се паметат. Тој беше колега, пријател и голем професионалец. Како градоначалник беше посветен на својата визија Охрид да биде вистинска европска, културна и туристичка престолнина. Беше препознаван како човек пријател, сограѓанин со топла и непосредна природа, отворен за разговор за секој личен проблем, за секоја иницијатива и предлог почитуваше и разбираше. Неговите постапки и однесувања со одмереност, ненаметливост и внимателност ги споделуваше со сите со кои соработуваше или се среќаваше. Тие вредности правеа од секој негов колега, соработник, пријател и од сите сограѓани во градот и пошироката заедница да му возвражаат на ист начин – со длабока почит, рече  Заев.