Премиерот Зоран Заев иу министрите за надворешни работи и за здравство, Бујар Османи и Венко Филипче, доцна синоќа, веднаш по веста за автобуската несреќа, отпатуваат во Бугарија.
Тие прво ќе ги посетат преживеаните во болницата Пирогов, а во текот на денот ќе го посетат и местото на несреќата.
Во телефонскиот разговор, што Заев го имал со еден од преживеаните, тој му рекол дека имало силна експлозија во автобусот.
-Сите спиеле. Еден од патниците со кого телефонски разговаравм ми рече дека имало експлозија. Седум души успеале да го скршат прозорецот и така се спасиле, објасни Заев пред БТВ.
Comments are closed for this post.