„Се радуваа дека нема да добиеме датум за преговори. Е мало сутра, што нема да добиеме, ќе добиеме преговори ова лето“, рече премиерот Зоран Заев вечерва на трибина во Битола.
„Ќе има одлука ова лето за почеток на преговори затоа што заслуживме како народ уморени во таа чекална. Одржавме европска лекција и покажавме дека сме достоинствени Европејци. Секоја дискусија и на Макрон и Могерини и Меркел почнуваа со суперлативи за нас и за Преспанскиот договор и суштинските реформи, за европските лекции. Почнуваа и завршуваа со нас. Ова лето имаме одлука за почеток на преговори за отворање фондови, економски прогрес за тоа зашто се боревме. Затоа почитувани битолчани ова е патот, друг нема. Сакам овде од мултиетничка Битола да испратам порака да направите чекор за вашите деца, за нашата заедничка земја. Почитувани млади луѓе ве повикувам немојте дома да седите се одлучува иднината на земјата и претседател на татковината и иднината на нашата земја. Иднината останува на вас младите”, рече Заев вечерва.
Comments are closed for this post.