Претседателската кандидатка Гордана Сиљановска во вечерашниот дуел на ТВ 24 го обвини Пендаровски дека за лични интереси одработувал за сите.

„Вие за лични интереси сте играле со сите и сте одработувале за сите. Вие не сте напривиле ништо кога беше прекината истрагата за обидот за убиство на Глигоров. Вие сте човекот кој не се качи во авионот со Трајковски. Вие сте човекот кој што учествуваше во она што се случуваше во Тетово и Гостивар за настаните. Вие сте човекот кој веројатно сте советувале Бранко Црвенковски да го разреши Никола Димитров.  Вие се што сте правеле за овие 20 години било само за кариера. Со сите сте биле, се сте извршувале“, рече Сиљановска.