„Благодарам за бројката на гласови која ја дадовте, меѓутоа голема работа ни претстои во недела, затоа што таа бројка мора да биде дуплирана“, порача вечерва на трибината во Битола, кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

„Со гласањето за мене вие давате карта за НАТО и ЕУ“,  рече Пендаровски.

Со гласање за број 3 оваа држава конечно ќе добие претседател од кој нема да се срамите, рече тој.

„Знаете дека долги години во оваа земја практично имаме човек на чело кој беше инсталиран од фамилијата кој збор не кажуваше за нив особено кон они кои не мислеа како нив, работеше против интересите на своите граѓани и држава и ги опструираше сите добри потези на оваа влада“, рече Пендаровски.