Премиер Зоран Заев изрази задоволство што ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува измените на Законот за лични карти за етничката определба, но во исто време и жали што, како што рече, опозицијата преку непочитувањето на Уставот и уставното име на државата се обидува на кој било начин да изнајде пречки и нови причини за блокирање на ваквите законски решенија.

СДСМ својот став во поглед на Законот во личните карти да има етничка определба каде што ќе посакаат граѓаните го кажа уште при донесување на уставните промени и тоа беше владин став во тоа време, затоа што дефинитивно ние сме мутлтиетничко општество каде што покрај државјанството македонско/граѓани на РСМ, граѓаните се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби, сите етнички заедници коишто постојат во државата и немаме проблем во документ за лична идентификација да го имам тоа право, истакна Заев на прес-конференцијата за потпишување на договор за грант наменет во обновливи извори за енергетска транзиција со амбасадорката на Германија во земјава Анка Холштајн.