Пред утрешното продолжение на расправата за уставните измени во собранието, премиерот Зоран Заев преку твитер испрати порака до пратениците.

Пратеници, да кажеме ДА на можноста пред нас. Историјата ги памети правилните одлуки, твитна  Заев.


Инаку вчера пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од дебата за уставните измени и побараа веднаш да се премиене на гласање. Пратениците од Колицијата „За подобра Македонија“ преку соопштение по координацијата информираа дека нема да гласаат за пристапување кон измени на Уставот.