Од наредната пролет, половните автомобили во Македонија најверојатно ќе поскапат. Причината за ова лежи во фактот дека најголемиот број од нив се увезуваат од соседна Бугарија, а бугарското Народно собрание го прифати во прво читање законот за зголемување на данокот за половни автомобили за речиси 30 отсто.

За зголемување на данокот решавачки биле два аргументи. Едниот е зголемување на приходите во бугарскиот државен буџет, а вториот е покачување на еколошките стандарди