Премиерот Зоран Заев денеска при посетата на фабрика во Бунарџик, коментираше околу Законот за електронски учебници, односно објасни дека тоа не значи дека целосно ќе се воведат само електронски, туку дека покрај печатени, ќе има и електронски.

„Повлекувањето на Законот за електронски учебници, не значи откажување, туку значи дополнително додавање на елементи. Да објаснам што значи дигитализација. Од прво до трето одделение продолжуваат со печатените учебници, и покрај печатени учебници, ќе пуштиме и електронски за четврто одделение. Следната година ќе бидат четврто и петто одделение, потоа 4-то, 5-то и 6-то одделени. Но, и секогаш ќе ги имаат пишаните учебници. Апелираме да дадете шанса да бидеме рамо до рамо со современиот свет. Идната година е само четврто одделение, но ќе имаат и пишани и дигатални учебници пред себе. Да дадеме шанса, секоја реформа ќе даде резултат“, рече Заев кој рече дека Владата ќе се бори секое дете да има еднакви можности до пристап за управување на информативните-технолошки средства.

„Државата сака еднаков третман на сите граѓани, особено на децата. Нема да дозволиме детенце да биде заборавено, затоа што е родено во сиромашно семејство. Комплетно ќе ја лоцираме пари, за децата да имаат приближно еднакви можности да управуваат со информативни технолошките средства. Верувам дека ќе најдеме средства“, вели Заев.