Премиерот Зоран Заев по повод меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата на фејсбук напиша:
Денеска е Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата. Убав ден и повод за да им оддадеме почит на сите што ги бранат и промовираат правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата. Убав ден и да порачаме дека во борбата за еднакви можности, без оглед на сексуалната ориентација или родовиот идентитет, секој може да го даде својот придонес. Солидарноста и промоција на правата за сите луѓе што припаѓаат на обесправените групи или во ранливи ситуации, станува одлика на нашиот концепт „Едно општество за сите“, напиша Заев на Фејсбук.
Comments are closed for this post.