Денеска можеме сите заедно да славиме. Ова е победа на граѓаните и Републиката. Македонија на денешното гласање кое беше кристално чисто покажа врвен демократски квалитет. Граѓаните го кажаа своето, по 95 проценти од изборените гласови Стево Пендарпвски има нешто повеќе од 423 илјади гласови наспроти  околу 368 илјади гласови на Сиљаноска, разлика од повеќе од 55 илјади гласови“, рече лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

На Стево Пендаровски, му порача да ги чува граѓаните.

Честитам претседателе на Република Северна Македонија, да ни ги чуваш и да ни ги штитиш граѓаните. Водевме достоинствена и европска кампања. Северна Македонија покажа врвни демократски капацитети. Покажавме уште еднаш дека сме подготвени за Европа. Никој не може да застане на патот на европските перспективи“, рече Заев.