Сигурен сум дека Стево Пендаровски ќе победи на претседателските избори. Но, ако тоа не се случи, јас сум подготвен тогаш да седнам со опозицијата и да разговараме за предвремени парламентарни избори, изјави премиерот Зоран Заев во дуелот со Христијан Мицкоски.

Притоа, тој повторно инсистираше на став од Мицкоски дали тој ќе поднесе оставка доколку професорката Гордана Силјановска Дафкова ги изгуби изборите. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ возврати дека го импонира загриженоста на премиерот за состојбите во најголемата опозициона партија.

Притоа Мицкоски забележа дека Заев повторно ги менува ставовите, зашто само пред неколку дена изјави дека ако нивниот кандидат изгуби, тогаш ќе се оди на предвремени парламентарни избори. Сега тој говори за разговори со опозицијата