Берлин останува посветен на заложбата Македонија до крајот на годината да ги почне преговорите, а ставот го изнесе германскиот министер за Европа Михаел Рот во заедничкото интервју за „Велт“ со вицепремиерт за европски прашања Никола Димитров.

Рот изразува оптимизам, но и обврска кон даденото ветување на Македонија да ги почне преговорите со ЕУ за време на германското претседателство со Советот на ЕУ.

Како уверен Европеец, секогаш останувам оптимист. Дадовме ветување дека во текот на нашето претседателство со Советот ќе се потрудиме да добиеме зелено светло за почеток на пристапни преговори со Македонија. И јас се чувствувам должен кон ова ветување. Преговорите не се неуспешни, но треба уште многу да се направи…-На состанокот на Советот на министри речиси сите делегации уште еднаш ставија до знаење дека билатералните теми помеѓу две земји би требало и таму да останат. И дека сега треба да се фокусираме на централните прашања кои се важни за започнување на пристапните преговори. Ова мора да се направи затоа што нам итно ни е потребен позитивен сигнал за Западен Балкан, вели Рот.

Димитров од своја страна нагласи дека ние ќе продолжиме да преговараме, останаа уште неколку недели и се надеваме дека со помош на германското претседателство со Советот на ЕУ ќе оствариме успех заедно со нашите соседи во Бугарија.

Но доколку не се постигне решение, тоа ќе оди во прилог на скептиците и националистите, а на штета на проевропските реформатори, предупреди Димитров.