Имавме конструктивен состанок и пријателски разговори. Денешната средба е чекор за враќање на изгубената доверба. Ова, меѓу другото, го изјави специјалниот претставник за Бугарија, Владо Бучковски, по денешната средба во Софија со бугарската министерска за надворешни работи Екатерина Захариева.
Тој изјави дека ја уверил Захариева оти земјава е решена да го имплементира Договорот за пријателство од 2017.
-Уверени сме дека ја убедивме министерката Захариева оти сме решителни да го имплементираме Договорот за пријателство. Признаваме дека е нарушена довербата. Јас го изразувам задоволство што Бугарија моето назначување како специјален претставник го смета како дополнител напор да ја вратиме изгубена доверба. Се согласивме дека е време да се фалиме за сработеното со дела, а не со празни зборови. Заедничката историја не можеме да ја промениме ниту јас, ниту Захариева, но можеме да ги промениме работите во делот на инфраструктурата, заедничките капитални проекти, во образовнаието, културата и тоа ќе го правиме, рече Бучковски на заедничката прес-конференција по средбата со Захариева.
Захариева, пак, изјави дека тоа што Бугарија не ја одобри преговарачката рамка за пристапните преговори на Макеоднија со ЕУ неправилно се нарекува вето.
-Нема сомнение дека се наоѓаме во деликатен период. И двете стани имаме разочарување дека не беше одобрена проговарачката рамка. Тоа е така не затоа што Бугарија ставила вето на Македонија, туку затоа што не е исполнет Договорот за пријателство од 2017, за што ги алармиравме нашите соседи. Антибугарската кампања, тезите дека сме ставиле ветото или дека го оспоруваме правото на самоопределување не се точни и не помагаат за градење доверба меѓу двата народи, рече Захариева.
Говорејќи за гаранциите, што ги бара Бугарија, Захариева рече дека тие се многу едноставни.
-Тие се многу едноставни: спроведување на Договорот од 2017, спроведување на „патната карта“ како дел од него, запирање на претензиите за македонско малцинство во Бугарија и по однос на јазикот, според договореното во 2017. Тоа го нема во преговарачката рамка, очигледно има несогласување околу тоа и таа нема да биде одобрена од Бугарија, рече Захариева.
Бучковски претходно имаше средба со Красимир Каракачанов, а треба да се сретне и со премиерот Бојко Борисов и премиерот Румен Радев.
Comments are closed for this post.