Пратениците ја изгласаа потребата за измените на предлог законот за заштита на населението од заразни болести. Тоа значи воведување на новите мерки задолжително носење на заштитни маски на отворено и максимум четири гости во домовите.

Со 60 гласа за, воздржани 32 без ниту еден глас против, на денешната собраниска седница во прво читање помина Предлог законот за заштита на населението од заразни болести.

Собранискиот спикер Талат Џафери ги задолжи матичната комисија за здравство и законодавно правната комисија да закажат седници на кои ќе се најде законот.

Образложувајќи ги измените на законот министерот за здравство Венко Филипче рече дека измените се носат поради зголемените мерки за непочитување на здравствените мерки за заштита од коронавирусот