Државната Пошта се одликува со постоење на „гломазен“ систем што го оневозможува и забавува долгиот и скап процес на реорганизација, и тоа во насока
на унапредување на работењето, соодветно справување со конкуренцијата и нејзино полесно адаптирање кон работењето во согласност со сите правила за претприемништво и работа во услови на слободна пазарна економија.

Со вакво образложение Владата препорача повторно петто одложување на либерализацијата на поштенскиот пазар со што Поштата и натаму ќе го задржи ексклузивитетот во цената на резервираните поштенски услуги што опфаќаат прием, пренос и врачување пратки за кореспонденција (писма и поштенски картички) и пратки на директна пошта до 50 грама. И приватните поштенски оператори имаат право да ја извршуваат и резервираната поштенска услуга, но со цена најмалку два и пол пати повисока од цената по која давателот на универзална услуга носител на индивидуална дозвола ги обезбедува пратките од резервираниот дел.