Имињата и надоместоците на советниците и соработниците кои се ангажирани во Владата ќе бидат јавно објавени.
Како што информираше владината прес-служба, на вчерашната седница е усвоена Информацијата за потребата од објавување на имињата и надоместоците на советниците и соработниците на членовите и на претседателот на Владата, како прифаќање на препораката на ГРЕКО.
Согласно оваа препорака, Владата ги задолжува и Канцеларијата на претседателот на Владата, кабинетите на замениците на претседателот на Владата, како и кабинетот на генералниот секретар и кабинетите на министрите во рок од 10 дена да ги објават имињата и надоместоците на посебните советници, личните советници и надворешните соработници согласно позитивните прописи на С Македонија.
Тие се задолжуваат и редовно и ажурно да ги објавуваат споменатите податоци во иднина.
Comments are closed for this post.