Претседателот на Србија Александар Вучиќ не го спомена претседателот на нашата земја Стево Пендаровски дека му ја честитал победата на изборите во неделата.

Тој рече дека му честитале скоро сите од регионот, Еди Рама, Миодраг Додик, Ѓукановиќ.. но не го наброи Стево Пендаровски.Но, затоа пак рече дека од Македонија се слушнал со премиерот Димитар Ковачевски.

Со сите. Се слушнав со Рама и Додик. Со Ковачевски се слушнавме утринава. Имаме ние наши теми, пченица, брашно-изјави Вучиќ вчера во интервју за РТС.

„Република“ и „Пресинг ТВ“ вчера го прашаа Кабинетот на Пендаровски дали му ја честитал победата.Оттаму само кратко одговорија со „ДА“ без да објаснуваат детали дали тоа било приватно или од позицијата на претседател.