Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека го поддржува договорот меѓу Скопје и Атина, но не ги потценува луѓето во Македонија, кои на референдум за името на таа земја дадоа јасна и недвосмислена одлука.

Мислев дека договорот е добар, тоа го мислам и денеска. Сметам дека секаков договор е многу важен за народот од двете земји. Не се мешавме во внатрешните работи на двете земји, иако јас, како претседател и владата, го поддржавме договорот – рече Вучиќ на прес-конференцијата по состанокот со известувачот на Европскиот парламент, Дејвид МекКалистер .