Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер. Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од 15 до 24 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.  Дневната температура ќе се искачи до 22 степени.

Под влијание на влажен и студен бран во понеделник во вечерните и ноќните часови ќе настапи промена на времето. Во ноќните часови, како и во вторник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд.

На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓање. Од среда времето ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи и благ пораст на температурата.