Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека кај партиите нема интерес за промена на изборниот модел и затоа велат дека нема време да се промени законот.

Според него, време има, но не и желба кај партиите да се направи тоа за изборите во април догодина. Во нормална процедура, објаснува Џафери целата постапка би траела два месеци иако тоа технички може да се направи и за еден ден.