Вилма Русковска уште еднаш ја потврди нејзината спрега и тесна врска со власта во Макеоднија. Сега ми е јасно зошто Зоран Заев толку многу се обидуваше веднаш да најде замена за катица Јанева и тоа да биде Вилма Русковска, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со последните информации изнесени од обвинителката.

Русковска вчера во емисија во обид да ја одбрани власта и да скандализира нешто каде што нема простор да скандализира, изнесе груба вистина. Но каква е вистината- На 26 јули Русковска ми испрати СМС порака, во која ме замоли да се слушнеме, јас по СМС пораката и се јавив, ме замоли да се видиме, јас ја поканив во седиштето да дојде, таа рече дека не е пристојно да дојде во седиштето. Тогаш ја запрашав не кое друго место и што би била темата. Она ми одговори дека темата би била уште еднаш да поразговараме околку актуелната ситуација, но и моја изјава во врска со уцената која Катица Јанева ја испорача на еден наш состанок за кој ја претходно ја информирав јавноста. Она ми рече дека тој ден не е во можност и предложи некој друг термин, на што јас и реков дека не можам во деновите кои следат поради густиот распоред. И се договоривме да се слушнеме по годишниот одмор и го одржиме тој состанок. На 15 август и испратив СМС порака и и реков дека сум во Скопје и стојам на располагање, на што добив одговор дека ќе ме побара. На 11 септември беше прес-конференцијата која таа вчера ја споменуваше, каде што јас зборував за документите кои свиркач ги достави до ВМРО-ДПМНЕ,.Вчудоневеиден сум и разочаран од лошата состојаба во правосудствотои тесната врска меѓу власта, обвинителството и судството, рече Мицкоски.

Сето ова што го кажав денеска, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, го поседувам во форма на докази. Доколку уредно бидам поканет од Обвинителството, се разбирам дека ќе се одзвам на поканата, рече Мицкоски