Додека вчера главна вест во медиумите беше потпишувањето на протоколот за НАТО, социјалните мрежи се вжештија дека пратеници и министри си ги вработуваат децата во државни институции.

Пратеничката од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова се најде повредена по пишувањето на медиумите дека нејзината ќерка се вработила во Фондот за иновации.

Таа дури изјави дека е разочарана од тоа како медиумите ги третираат децата на јавните личности.

На тоа реагираше актерката Весна Петрушевска преку Фејсбук. Таа и посочува на Александрова дека не е јавна личност, туку пратеник кој зема плата од народот и оти не треба да биде привилегирана по ниту еден основ.

Деновиве излезе информација и дека пратеникот од НСДП, Горан Мисовски си го вработил синот во  Агенција за супервизија на осигурување.

Министерот за економија Крешник Бектеши пак призна дека неговата сестра е вработена во МЕПСО но оти тој немал никакво влијание во тоа.