На денешното рочиште во случајот „Рекет“, Стојан Арсовски кој му бил возач на Бојан Јовановски ги објасни местата каде што биле заедно , како што модниот настан во Милано на кој бил поканет од страна на глобалниот амбасадор на компанијата „Версаче“.

-Тоа беше вистинско доживување за мене, добро се сеќавам бидејќи јас фотографирав.

Посебно внимание предизвика неговото сведочење за вториот престој во Милано во средината на 2019 година.

-Пред да отидеме во Милано се задржавме во Белград. Таму останавме една вечер и тогаш Бојан имаше вечера со многу блиски луѓе.Тоа беа Марина Туцаковиќ и нејзиниот сопруг Фута. Според нивниот однос заклучив како да се фамилија. Во текот на вечерата тие му дадоа плик со значајна сума пари. Тоа го знам бидејќи ми го даде да го ставам во неговата чанта што често ја носев. Рано изутрина тргнавме за Милано-објасни сведокот.

Токму сопругот на Марина Туцаковиќ  во петок треба да се појави како сведок на одбраната.

Сведокот го  објасни и вториот престој  во Милано на Боки каде исто така го возел. Боки бил повикан да присуствува на модна ревија.

На вакви настани се презентираат колекции и додатоци кои не се во продажба и ќе се носат наредната сезона. Дел од тие парчиња се поклонуваат и на гостите. На тоа не можам да не се сетам кога моја работа било да ги однесам во возилото-додаде Арсовски.