Тројца возачи вработени во „М-НАВ“ со картички за гориво од бензинска пумпа, кои биле наменети за набавка на гориво за службените возила набавувале гориво за приватни возила со што ја оштетиле компанијата за околу 6.000 евра.
Според СВР Охрид станува збор за Ј.З.(53) од струшкото село Делогожда, Р.И.(48) од струшкото село Горно Татеши и Б.В.(45) од селото Велешта.
Против тројцата е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување. Истрагата утврдила дека осомничените во периодот од јануари лани до 23 јуни истата година како возачи во „М-НАВ“ АД Скопје-АКЛ Охрид, со картички за гориво од бензинска пумпа, кои биле наменети за набавка на гориво за службените возила на наведената компанија, набавувале гориво за приватни возила за што прикажувале лажни сметки и налози.
Со ова пријавените на „М-НАВ“ АД Скопје му нанеле материјална штета од 382.363 денари.
Comments are closed for this post.