Вчера попланде, околу 18 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во атар на село Осој, кичевско, на место викано „Алексова нива“, Д.С. (34) од Кичево, при лов, од ловечка пушка испукал куршум, при што го повредил А.С. (66) од Кичево.

Повредениот со брза помош бил пренесен во Здравствен дом Кичево, а потоа префрлен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, а ловџијата бил приведен во Полициската станица во Кичево за понатамошна постапка.