Професионалните војници кои навршиле 45 години отсега ќе имаат можност да си заминат од Армијата со финансиска отпремнина. Таа ќе изнесува илјада евра, од година помината во служба.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека овој договор е постигнат во дијалог и на иницијатива на репрезентативниот синдикат. “Со ова покажуваме дека секојдневно се грижиме за подобрување на условите во Армијата. Ова е шанса за нов почеток на војниците кои навршиле 45 години”, истакна Шекеринска.
Од Синдикатот искажаа благодарност за донесената одлука, со надеж дека Собранието набргу ќе ги донесе измените на Законот.
Досега професионалните војници кои навршуваа 45 години државата имаше само обврска да ги вработи во државните или органите на јавната власт.
Comments are closed for this post.