Михамед Хоџа, портпаролот на Владата, на денешната прес-конференција рече дека се уште нема мислење од Комисијата за заразнио болести дали од 1 февруари државната и јавна администрација ќе се врати во полн состав на работа.

Претходно Владата извести дека, со оглед на тоа дека бројот на заразени од ковид-19 е намален, од 1 февруари 2021 година се планира да се врати принципот на работа и работниот процес на државната и јавна администрација во полн состав со полно работно време на работните места.

– Немаме мислење од Комисијата. Министерството за информатичко општество и администрација тоа само го предложува, но тоа е само мислење. Владата не донесува одлука, туку само им препорачува на институциите. Одлуката ќе биде задолжителна кога ќе се донесе такво мислење од Комисијата за заразни болести, рече Хоџа.

Владата соопшти дека од 1 февруари 2021 година се планира да се врати принципот на работа и работниот процес на државната и јавна администрација во полн состав, но потоа владиниот портпарол Душко Арсовски за МИА рече дека за таоа треба да се побара и дополнително мислење од Комисијата за заразни болести.

Од 20 октомври по есенскиот бран и зголемениот број случаи на ковид-19, административците работеа од дома, одеа на работа во ротации или во смени по 4 часа.