На Клиниката за Нефрологија според информации на Сител, во моментот има повеќе од 20 заразени лекари и медицински персонал како и пациенти кои одат на дијализа. Дали станува збор за кластер на Нефрологија која веќе неколку месеци е ковид центар како дел од интерните клиники?

Веста дека има заразени за Сител ја потврди и директорката на клиниката, но немаше конечна бројка бидејќи се уште чекале резултати од земените анализи.