ВМРО-ДПМНЕ денеска на конвенција во Струга избира партиски кандидат за претседател на државата за претстојните избори што ќе се одржат на 21 април, годинава.

Вкупно 551 делегат избираат меѓу деветмината кандидати, кои се пријавија на партискиот конкурс. Во изборот за претседателската кандидатура ќе се натпреваруваат Гордана Силјаноска Давкова, Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, Горан Ангелов, Илија Димовски, Сашо Култешовски, Никита Шекутовска, Васко Костов и Ѓорѓи Манасков. Кандидатите ќе имаат по 15 минути можност да ја претстават својата визија пред делегатите, а потоа предвидено е да се премине на гласање.