Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања во втроник  ќе го разгледува предлогот за одземање на мандатот на поранешниот премиер Никола Груевски.

Информацијата е објавена на веб страницата на Собранието. Седницата е закажана откако судот го извести Собранието дека пратеникот е осуден на двегодишна затворска казна за набавката на мерцедесот.

Комисијата ќе треба да одлучи дали Груевски е достоен да ја извршува функцијата пратеник и ќе даде препорака, а конечниот збор ќе го има Собранието.

За одземање на мандатот потребно е двотретинско мнзоинство.

Осумтемина  пратеници од новата пратеничка група соопштија дека нема да поддржат таква одлука.

Според ова двотретинското мнозинство  е тешко достижно.