Во Струга е хоспитализиран маж со Ковид-19 кој бил на патување во Занзибар, Африка.
Директорот на струшката болнциа за нефрологија за ТВ24 потврди дека од Битола му бил препратен пациент кој бил на патување во Занзибар, Африка и потоа со позитивен корона тест завршил в болница, исто како и неговата сопруга која била хоспитализирана во Скопје.
Утре на пациентот ќе му биде земен брис, а анализите во МАНУ ќе треба да потврдат или да негираат дека станува збор за јужноафриканскиот сој на коронавирусот.
Пациентот засега се наоѓа во стабилна состојба.
Comments are closed for this post.