За денеска во 12 часот пред Собранието ќе се се случи протест против уставните промени во организација на здружението „Македонија блокира“.

Оттаму повикуваат на масовно присуство без оглед на политичката или било каква припадност оти, како што велат  ова не е битка за поединци, лидери или за власт тука  за одбрана на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Антимакедонските политики го допреа врвот, или ќе дозволиме марионетската власт во Скопје да избрише се што е македонско или Македонија ќе победи. Целта на Сенародниот протест е со еден услов, а тоа е распуштање на Собранието и избори без Зоран Заев како премиер-велат од „Македонија блокира.