Полицајци и цариници се уапсени во денешната акција на МВР во Диво Насеље, а по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Информацијата за „Фокус“ ја потврди обвинителката Вилма Русковска, а повеќе детали од Обвинителството најавуваат за малку подоцна.

Од МВР потврдија дека во голема полициска акција на повеќе локации се вршат претреси поради сомнежи за трговија со дрога.