Во Македонија не дај боже да бидеш обвинет од страна на Обвинителството.Судот „гарант“ ќе те осуди.

До ваков заклучок може да дојде ако се погледне извештајот за работата на јавното обвинителство за 2020 година. Одбраната успева да обезбеди ослободителна пресуда во само 1,7%, додека останатите проценти се повлечени обвиненија и опомени.

Овие бројки покажуваат или дека полицијата и Обвинителството покажуваат несоборливи докази, или пак дека судот под политички притисок се плаши да донесе одлука поинаква од таа што ја бара обвинителството.

За споредба ни многу демократски поразвиени држави од нас немаат толку висок процент на осудителни пресуди како што Канада, САД и Велика Британија.

Во Канада процентотот на осудителни пресуди е 62%, во Велика Британија е околу 80%, во САД околу 60. Од нас „поефикасни“ се единствено обвинителствата во Кина и Русија.

Дека кај нас секој што влегол во судница „мора“ да биде осуден покажа и последниот случај за настаните од „27 април“ каде обвинетите без цврсти докази добија казна во просек од шест годни затвор.