Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук обвинува дека власта прави брутална пљачка на народот со зголемувањето на  цените на нафтата и бензините.

Тој објаснува дека ако се споредат одлуката на Регулаторна од 3 август (слика 1 и 2) и одлуката од 26 јули (слика 3) член 7, ќе се заклучи дека акцизата за дизел горивото е зголемена од 15,5 на 17,5 денари за литар, дополнително на тоа се додава и 18% данок на додадена вредност. Граѓаните и стопанството поради овој криминален потег на Регулаторна, по налог на коалицијата СДСМ/ДУИ ќе плаќаат поскапо дизел гориво.

Шверцерска одлука со која се пљачкаат граѓаните и стопанството. Зошто ова се прави сега? Едноставно е … немаат пари за институционален поткуп, ги потрошија за скапи проекти со големи провизии.

Toј го обасни начинот на кој ќе се прави поткупот.

Прво ќе плаќате сите поскапо гориво поради поскапата акциза. Парите ќе завршат во буџетот, а потоа истите преку министерството за труд и социјала, заедно со кандидатите за градоначалници од власта ќе ви поделат социјални пакети и патем ќе побараат поддршка за следните локални избори.