Точно пред една година, на 17 јуни 2018, во Нивици (Псарадес) на Преспанското Езеро беше потпишан Преспанскиот договор. „Ефимерида“ пишува дека би било логично токму владата на СИРИЗА, односно премиерот Алексис Ципрас, да се наврати на тој ден, но од СИРИЗА никој не се јавил со коментар.

Единствен кој се сетил на тој ден е поранешниот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас.


На својот Твитер тој напиша дека се потсетува на првата годишнина од потпишувањето на Преспанскиот договор и ставил и слика со неговиот македонски колега, Никола Димитров. „Една година пријателе мој Никола Димитров“, напиша Коѕијас.

Димитров го објави неговиот пост со коментар: „Ние испишавме историја, размислувајќи за иднината пријателе мој“.