Полицијата во Гостивар во два случаи откри пет лица, кај кои се пронајдени наркотици. Лицата се притворени и ќе добијат соодветни пријави.

Според СВР Тетово во петокот  околу 23 часот полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар лишиле пет лица од слобода и тоа И. Џ. (21) и А. Џ. (18) од Горна Бањица и Л. А. (18) од Гостивар, кај кои е пронајдена марихуана.

Во друг случај денеска во 03:10 часот исто така лишени од слобода се 17 годишник од Гостивар и С. М. (25) од Гостивар, кај кои е пронајден кокаин.

По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.